Кривична пријава против беровец за пуштање во оптек фалсификувани пари

Поднесена е кривична пријава против беровец за пуштање во оптек фалсификувани пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– ОВР Берово поднесе кривична пријава против В.Р.(57) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.

На 30.08.2021, пријавениот пуштил во оптек лажни банкноти во апоени од 10 евра во менувачница и казино во Берово, посочуваат од МВР.