Крап на трска - задолжително гастрономско уживање во Дојран

Дојран со својата медитеранска клима, лековита кал, алги кои испуштаат јод, богата гастрономска понуда...создаваат чувство како да сте на море.

Доколку се уште не сте го посетиле Дојран, а планирате тоа да го сторите во следниов период, ви предлагаме што задолжително да пробате.

Рибја чорба, плескавица од икра, кременадла од крап и се разбира дојрански крап на трска се гастрономски специјатитети кои совршено ќе се вклопат во вашата посета на ова езерско прибежиште.

Многумина ќе кажат да си во Дојран, а да не пробаш дојрански крап на трска, е исто како да не си бил таму. Печењето на трска е всушност најстар начин на приготвување на рибата. Риба подготвена на ваков начин се послужува заедно со трската залепена на рибата.

Дојран и околината се познати по органското производство на калинки, маслинки, киви, смокви, мандарини.. па би било одлично доколку се поврзете со некои од локалните производители и продавачи и набавите од овие вкусни и автентични за овој регион плодови.

Sports Shoes | Women's Nike Air Force 1 Shadow trainers - Latest Releases , Ietp