Крајот на годината носи студено време и снег: Какво време нé oчекува за новогодишната ноќ?

Последниот ден од 2023 година ќе биде врнежлив со дожд и снег. Новата година ќе донесе постудено време.

Во следните недели ќе се задржи студено време со дневни температури над нулата и врнежи од дожд. Крајот на декември ќе донесе пад на температурите, а врнежите ќе преминуваат во снег.

Последниот ден од декември ќе биде студени со врнежи од дожд, а најлудата ноќ ќе ја дочекаме со минусни температури и врнежи кои ќе преминуваат во снег. Утринската температура ќе биде околу -4 степени, а дневната ќе се искачи до 4 степени.

Останете дома на почетокот на новата година. Првите денови од 2024 година ќе бидат студени со температури под нулата и врнежи од снег.  Утринската температура ќе спушти до 6 степени под нулата, а дневната ќе се искачи до вториот степен.