Крадец натепан завршил во Градска болница

Во 04 часот  во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“  во Скопје бил донесен повреден 23-годишниот Б.К. кој најверојатно се здобил со повреди на улицата „Лазо Трповски“ при физички напад од непознати лица.

Причина за физичкиот напад, како што информираат од полицијата, било тоа што Б.К. и уште едно непознато лице вршеле кривични дела „кражби“ и „тешки кражби“. Од страна на лекар кај повредениот биле констатирани тешки телесни повреди. Во болницата, заедно со повреденото лице, бил затекнат и 24-годишниот М.Д.кој е приведен за утврдување идентитет.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.