Крадец извршил грабеж во куќа додека домаќините спиеле

Непознат сторител извршил кражба во куќа во село Илинден, скопско, додека домаќините спиеле.

Според информациите на МВР, кражбата се случила вчера во периодот од 6:45 до 8:50. Според пријавата на Д.М. (30), крадецот влегол преку незаклучената врата додека неговото и семејството на брат му спиеле и украл чанта во која имало 15.000 евра.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.