Ковачевски на средба со шпанскиот премиер Санчез: Само со СДСМ, Македонија има јасна перспектива за европска интеграција

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски на вториот ден од посета на Рим, оствари средба со лидерот на  шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и премиер на Кралството Шпанија, Педро Санчез.

На средбата во партиското соопштение се вели дека било потенцирано дека социјалдемократските прогресивни политики треба да продолжат и понатаму, земајќи го предвид претстојниот изборен период во Макеоднија и во Европската Унија. Ковачевски на средбата истакна дека само со СДСМ, Македонија има јасна перспектива за европска интеграција, односно на воведување на европски стандарди и вредности.

На средбата Ковачевски истакна дека со Владата на СДСМ, во Македонија се зацврсти демократијата, владеењето на правото, дека се постигна напредок во реформата на правосудниот систем и се разви цврста пазарна економија. Претседателот на СДСМ Ковачевски, на средбата посочи дека директен резултат на овие политики на СДСМ, беше исполнувањето на стратегиската цел членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ. Ковачевски потврди дека со таквите политики државата покажа дека е на страната на мирот, стабилноста, добрососедските односи и економски раст и развој на државата. Ваквата политика на СДСМ обезбеди подобар живот за сите граѓани во државата,истакна Ковачевски на средбата.

Лидерот на шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), и премиер на Шпанија Педро Санчез, на средбата оцени дека отворањето на преговорите со ЕУ е од големо значење не само за реформските процеси во државата, туку е важно и за актуелните геополитички и безбедносни околности во регионот и во Европа. Санчез ја поздрави конструктивноста во партнерството на Македонија со ЕУ во предизвиците предизвикани од воената агресија врз Украина, се наведува во партиското соопштение.