Контролори на ЈСП тепале патник во автобус

Патниците од автобусот бр 2 денеска биле сведоци на страшна глетка. Според сведочењето на еден од патниците двајца контролори тепале патник.

-Еве во каква држава живееме во која владее законот на посилниот. Линија бр.2 некаде околу 12:35 часот…двајца контролори на ЈСП буквално со нозе го газеа дечкото.Јас не знам што предходно сторил затоа што се наоѓав на горниот спрат од автобусот (ова се случуваше на долниот) но убеден сум дека ваков однос е во најмала рака кажано недоличен“, Објави на својот ФБ профил Зоран Т.

ЈСП информираше дека веднаш по случката, внатрешната контрола на ЈСП Скопје излезлегла на терен и патникот и двајцата контролори дадоа исказ и во МВР, се работи на расчистување на случајот.

На социјалните мрежи граѓаните жестоко реагираа на случката, а ЈСП во коментарите одговори дека патникот прв употребил физичка сила.

-Тоа е доказ дека и не сите патници се однесуваат соодветно. Како и да е, случајот ќе биде расчистен, велат од ЈСП.