Конкурс за новинарски текст по повод „Денот на ослободувањето на Скопје“

Дирекцијата за Култура и Уметност на Скопје, во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“, по повод „Денот на ослободувањето“, во соработка со Министерството за култура, распиша конкурс за новинарски текст на тема „Скопје, европска престолнина на културата“. Конкурсот е отворен до 30 октомври 2023 година.

- На конкурсот, можат да се пријават новинари на медиумите кои се ангажирани во новинарството, или новинари кои имаат хонорарен ангажман во електронските, печатените, радио-дифузните (ТВ-канали, радио-станици) и во интернет-медиумите (портали и блогови). Текстовите се испраќаат под полно име и презиме, како и  контактите на кандидатот (назив на медиумот за кој есеистот работи на новинарски задачи, телефон,електронска пошта). Текстовите се ипраќаат на e-mail адресата: skleto@unet.com.mk и gligorov.n@gmail.com, информираат од ДКУ.

За резултатите, учесниците ќе бидат дополнително известени, а наградите кои ќе ги изгласа тричлената комисија, свечено ќе бидат врачени.