Колку ќе ве чини еднодневно разладување во Скопје?

Скопјани и ова лето го бараат спасот од тропските температури и велат дека без клима уред не се функционира. 

Каде да избегате од летните горешнити и колку ќе ве чини освежувањето пропратено со забава и рекрација, можеби и спорт?

Влезницата за Базен Аеродром чини 300 денари, а базенот е оворен за посетителите секој ден од 10-18 часот. 

Од минатата недела со работа почна и скопскиот Аква Парк во склоп на СП „Јане Сандански“. 

Цената на билетите е за деца до 7 години 200 денари, а за сите останати 500 денари за работните денови и 600 денари за деновите од викендот. Влезот за деца до 3 години е бесплатен. Аква Паркот работи секој ден од 10-18 часот. 

Во околината на Скопје може да изнајмат вили со надворешни базени за целодневно уживање. Цените се движат од 50 евра нагоре.