Колку чини храната летово во Албанија?

Албанија секоја година станува се попопуларна дестинација. Она што најмногу ги привлекува нашите туристи, покрај прекрасните плажи, се и цените кои се многу пониски отколку во останатите туристички места во регионот.

Ова се цените во соседна Албанија во рестораните: 

Бурек – 0,6 евра

Рибја чорба – 2 евра

Риба – од 6 до 9 евра по порција

Лигњи – од 5 до 6 евра

Салата – од 3 до 5 евра

Плескавица – од 3 до 4 евра

Различни видови салата – од 2 до 3 евра.

Во маркет цените се следниве: Леб – од 0,6 до 2 евра

Млеко 1л – од 1,2 до 1,8 евра

Маслиново масло 1л – 5 евра

Сокови 1л – од 0,8 до 1,4 евра.

 Цените на слатките и грицките се исти како и во Македонија. 

Прикажаните цени се во евра, но имајте предвид дека официјална валута во Албанија е лек.

Младите најчесто ја избираат Саранда или Валона за летна дестинација, бидејќи имаат многу клубови, барови, забави на плажа, фестивали, а што се однесува до семејствата, Саранда и Ксамил се дефинитивно најпопуларни како места на Јонското Море, или Драч и Голем на Јадранот.