Коледарски оган е пагански обичај, ама затоа „Халовин“ е наша традиција

 Вчерашните апели на Македонската православна црква (МПЦ) и еко-активистите предизвикаа бурни реакции од граѓаните кои не ги послушаа и ја испочитуваа традицијата на палење коледарски огнови.

Имаше многу реакции и на социјалната мрежа „Твитер“, каде што еден корисник реши да го спомене „Халовин“, односно „Ноќта на вештерките“ кој се слави во делови од Македонија, иако нема никаква допирна точка со нашата култура.

-Коледарски оган е пагански обичај, ама затоа Халоуин е наша традиција, гласи саркастичниот статус.