Кој отиде на први во аптека ќе има лекови, другите ќе чекаат до наредниот месец

Кој отиде на први во аптека ќе има лекови, другите ќе чекаат до наредниот месец. Таква судбина имаат астматичарите кои велат дека многу тешко доаѓаат до неопходната терапија со рецепт.

Спрејовите кои ги користат во приватна продажба чинат од 3 до 4000 денари, средства кои не можат да си ги дозволат со малите месечни примања. Ваква мака имаше и овој скопјанец кој ќе мора да чека уште три недели за да го земе лекот.

-Еве сега немаше Спирива и се вратив. Ќе одам на први со рецептата што ми е издадена овој месец. Тој што ќе дојде втор или трет во аптека нема за него од терапијата. Ќе чекам, скап е приватно. Што велат..нема, толку спрејови имаат по два до три, вели скопјанец.

Во разговор со дел од фармацевти кои не сакаат да зборуваат пред камера, проблем се ограничените квоти и во случај кога една аптека добива 30 или 40 000 денари од Фондот, нема исплатливост да издава и спрејови за астма чија цена е по неколку илјади денари. Во такви случаи пациентите мора да шетаат од аптека до аптека и да ја најдат онаа која зема повеќе пари од фондовската каса и има на залиха спирива или фостер. Такво објаснување добивме и од Фондот од каде велат дека има помали аптеки кои ја потрошиле квотата, но болните треба да побараат во други.

Но не се проблем само астматичарите. И други пациенти со хронични заболувања реагираат дека е голем проблем немањето на лекови на рецепт после 10-ти или 15 во месецот.

-Проблем е како не е проблем, мора да одиме по други аптеки и да купуваме приватно. Тоа не е решение...

-Акo отидам на крајот од месецот ми викаат приватно може, ама јас немам пари, ослободена сум од плаќање а и добивам тужа нега, реагираат граѓани.

Граѓаните велат дека продолжува праксата после 10 –ти во месецот да нема лекови на рецепт. Во тој случај или ги купуваат приватно или пак чекаат да дојде први кога аптеките ги добиваат квотите од Фондот.

cheap nike air max 90