Кој ќе пее на ,,Скопје се лади'' на 8 Јуни?

Концертен проект ,,Скопје се лади - тriple concert evening '' кој ќе се одржи на 08 Јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Проектот ќе се заснова на три концерти во една вечер со слична стилска музика.

Како предгрупа, односно отварање на концертот и почеток на забавата ќе започне со бендот од Битола BRASS BRODHERS кои ќе ја вжештат атмосферата, а во континутет со свој 90 минутен настап ќе продолжи реномираниот и познат ТАЈЗИ.

И на крајот како концерт на вечерта свој настап ќе има српскиот бенд S.A.R.S. кој има голема популарност кај повеке генерации, за кој постои голем интерес кај Скопската односно Македонската публика.