Кои беа случаите за кои Јанакиески ја издржуваше казната?

По шест години, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска излегува на слобода.

Од формирањето на СЈО, Јанакиески кривично беше гонет за неколку судски случаи. Јанакиески од ноември 2018 година издржуваше куќен и ефективен притвор. Потоа, беше спроведен во затворот „Идризово“ каде издржуваше казна за случајот „Титаник“, а потоа беше пренесен во затворот „Скопје“ каде беше до денеска.

Исто така, Европскиот суд за човекови права минатата година пресуди дека на поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески, незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите „27 април“ и „Шпански скали“.

Јанакиески доби условен отпуст со одлука донесена од Апелацискиот суд Скопје.