Кога сте сами и никој не ве гледа...

Кога сте сами и кога никој не ве гледа...
Дали имате чувство дека го живеете она за коешто сте родени?

Дали ја чувствувате смислата поради која сте постоите?
И дека сте дошле на овој свет за да промените нешто?

Дали сте нашле смисла во бесмислата или се заглавени во сивилото?
Дали се претопивте во толпата или блескате во полн сјај?

Каде сте? Дали сте исполнети или полупразни?
Дали се чувствувате целосно или расцепкано?

И кој ќе ги собере тие делчиња, ако не вие самите?
Кој ќе ви ја излечи душата ако не вие самите? Одвнатре кон однадвор?

Вие сте почетокот и крајот. Во вас се наоѓа целиот сјај.
И сѐ додека има искра во вашето око, додека во вашето срце има љубов, во вас сѐ уште има сила. И надежта не е мртва.

Сѐ додека се прашувате и трагате... и не се откажувате.
Има надеж дека ќе се разбудите.
И дека ќе ја одведете вашата душа на патот кон спознанието. Ќе блеснете со најубавиот сјај, како најблескавата ѕвезда. И ќе бидете лидер за многумина кои не знаат како да излезат од темнината.

Вие сте му потребни на овој свет, колку и да мислите дека не е така.
Верувајте дека вие сте многу важен дел од сложувалката наречена живот.