Кога губиме родител додека сме деца,  брзо сфаќаме дека животот не е бајка

Да се расте само со еден родител воопшто не е лесно.

Како што растеме, сфаќаме дека целиот товар лежи на нивните рамења. Гледаме дека воопшто не  е лесно и дека често не сфаќаме колку е тешко да се биде родител и одговорен за сè. Не е лошо, но тешко е и комплицирано и едноставно не можеме да објаснуваме секому што се случило и во туѓите очи да гледаме сожалување. Не го сакаме тоа. 

Се прашуваме дали сме поинакви и што е поинакво? 

Ние имаме само еден родител на кого можеме да се пожалиме за тешкиот ден, една личност со која можеме да појдеме во парк и едни изморени очи кои се трудат да ни помогнат околу домашната работа. Еден родител кој нèбакнува пред спиење и кој со мил глас нè буди наутро. Ги цениме сите тие моменти, сакаме да помогнеме, но не можеме да ја игнорираме истоштеноста и тагата во нивните очи.

Кога губиме родител додека сме деца, многу брзо учиме дека животот не е бајка. Знаеме дека не можеме да пцуеме и да ја обвинуваме судбината до крајот на денот, но тоа нема да смени ништо. Нема ја врати личноста која ни недостасува во нашиот живот. Наместо тоа, учиме да бидеме независни и да престанеме да идеализираме. Тоа остава трага во нашите животи која потоа влијае на сите наши односи во животот, не можеме против тоа. 

Си велиме дека другите деца се посреќни, дека нивните животи се поубави иако секогаш не е така. Не можеме да го претпоставиме тоа, но никогаш не престануваме да се прашуваме зошто јас, зошто моето семејство, зошто нашиот дом?

Кога губиме родител, брзо учиме колку е кревок животот и колку лесно можеме да изгубиме некоја личност – во еден ден, во еден миг. Учиме како да ги цениме тие што се тука покрај нас, учиме да се грижиме за нив и да се грижиме за себе.

Кога губиме родител кога сме деца, во еден миг го губиме своето детство. Стануваме возрасни луѓе кои знаат што е тага, што е болка, што е загуба. 

Кога губиме родител, губиме дел од себе. Засекогаш.