Кога другите се обидуваат да ве омаловажуваат – направете го ова

Голем дел од работите во нашиот живот зависат од тоа како ние се чувствуваме. Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе сакаат да видат како паѓаме и доживуваме порази. Но, тие не ви можат ништо доколку го применувате ова:

  1. Кога одбивате да се борите со „неважни“ луѓе, вие победувате. Борбата и конфликтите со нив ве спуштаат на нивно ниво. Останете големи. 

  2. Очекувајте дека луѓето ќе се истураат на вас. Тоа е доказ дека напредувате.

  3. Потсетете се дека луѓето кои се истресуваат на вас си имаат свои проблеми. Бидете големи. Сочувствувајте со нив. 

Мислете доволно широко за да бидете неранливи за нападите од „неважните луѓе“. Кога ќе направат да се чувствувате дека не сте доволно способни, размислувајте широко. 

Запомнете: Ако почнете да мислите дека сте слаби – слаби сте. Ако почнете да мислите дека сте неспособни – такви ќе станете. Ако почнете да мислите дека сте просечни – ќе бидете просечни. 

Природната наклонетост кон самопотценување победете ја со ова оружје:

  1. Изгледајте важно! Така полесно ќе размислувате како важна личност. Вашиот изглед значајно влијае на вашето расположение. Запамтете го тоа. 

  2. Фокусирајте се на вашите доблести. Бодрете и охрабрувајте се себеси. Започнајте ја позитивната страна на вашата личност.

  3. Согледајте ги другите од вистинската перспектива. И тие се човечки суштества. Зошто да им се плашите?

Размислувајте доволно широко за да согледате колку всушност вредите.

Кога несогласувањето или кавгата се чинат неизбежни, размислувајте широко. 

Еве како успешно да избегнете кавга и да оддолеете на искушението:

  1. Запрашајте се: „Дали е ова доволно важно за да се расправаме поради тоа?“

  2. Потсетете се дека со кавгата не можете да добиете ништо, но дека секогаш нешто губите.

Размислувајте доволно широко за да согледате дека кавгите, несогласувањата и недоразбирањата нема да ве одведат онаму каде што сакате да отидете.

~ Дејвид Шварц