Кодот НМК важи само за регистарските таблички, од МНР добиле уверување од Грција дека нема да прават проблеми за МК и МКД

Во согласност со Договорот од Преспа кодот НМК се употребува исклучиво за регистарските таблички на возилата информираат од министерството за надворешени работи

Од таму додаваат дека за сите други намени, кодот за земјата е МК и МКD, согласно Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) и како таков стои во документите издадени од Република Северна Македонија, меѓудругото и во патни исправи, лични карти, возачки и сообраќајни дозволи.

Во врска со наводите на некои од медиумите што известија вчера дека наши граѓани биле враќани од граничните премини со Грција, заради кодот МК на новите сообраќајни дозволи, Министерството стапи во контакт со грчката страна, и во Скопје и во Атина, укажувајќи за ова прашање. Добиено е уверување дека тоа не е и нема да биде проблем.