Ќе останат ли скопјани повторно без јавен превоз - Најавен нов протест на вработените

Вработените во ЈСП бараат исплата на јулската плата, во спротивно најавуваат дека утре повторно ќе излезат на протести ако денеска не бидат примени на средба од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

Од Синдикатот на јавното претпријатие, иако поминал законскиот рок, тие, како што велат, уште немаат добиено плата за јули.

Ова е вторпат во мандатот на Арсовска вработените на ЈСП да штрајкуваат.

Минатата година во октомври Скопје остана без јавен превоз откога шоферите излегоа на штрајк и престанаа да возат оти немаа исплатена плата.