Ќе биде ли поставен споменикот на Ќосето во Горно Лисиче?

Вчера на Советот на Општина Аеродром била доставена иницијатива за поставување на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето во паркот во Горно Лисиче и истата била изгласана со 22 гласа „за“ и шест гласа „против“.

Иницијативата ќе биде поднесена до Собранието на Република Македонија, која треба да го даде последниот збор.

Споменикот на Ќосето претходно беше поставен пред судовите во 2014 година, а потоа отстранет по доаѓањето на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

Претходно, градоначалничката Данела Арсовска се обиде да го врати споменикот на старата локација, но нејзиното барање било одбиено од Општина Центар.