Казнети 68 возачи во Скопје, некои биле без возачка дозвола и под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

- На територија на град Скопје изречени се вкупно 68 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.