Камионџиите ќе се едуцираат како да се заштитат од нелегалниот превоз на мигранти

Националниот координативен центар за гранично управување при Владата на Република Македонија заедно со Стопанската комора на Македонија спроведуваат акција во која со едукативни материјали ќе се обучуваат возачите на камиони кои учествуваат во меѓународниот сообраќај како да се заштитат од нелегалното уфрлање на мигранти и бегалци од страна на трговците со луѓе.

Од Стопанската комора на Македонија информираат дека сите учесници во меѓународниот сообраќај ќе добијат флаер, леток на кој се објаснети и визуелно се претставени измамите кои ги прават трговците со луѓе злоупотребувајќи ги мигрантите и бегалците. На него има и препораки како да делуваат возачите за да се заштитат од оваа појава.

Постери со идентична содржина ќе бидат поставени и на граничните премини.
Флаерите и постерите ќе бидат напишани на македонски, англиски и на албански јазик.