Камион - миксер се забил во вториот кат на автобус на ЈСП

Кука од камион-миксер ненадејно удрила во автобус број 5 на ЈСП утрово при што нема повредени патници.

Несреќата се случила утрово во 9.30 часот на раскрсницата кај „Палома бјанка". Автобусот кој се движел од Ѓорче Петров кон Центар застанал паралелно до камион-миксер на раскрсницата кај „Палома бјанка". Кога камионот се обидел да сврти лево кон Италијанската амбасада, иако на таа раскрсница е забрането вртење лево, го зафатил горниот кат на автобусот и скршил стакло.

Патниците биле мошне вознемирени.

ЈСП прави увид во предизвиканата материјална штета, која дополнително ќе се утврдува.