Каменувана куќа во Скопје

Куќа во скопски Аеродром била каменувана, информираше МВР. Според полицијата, инцидентот се случил утрово околу 2 часот.

Случајот во ПС Аеродром го пријавил Љ.Х.Д. (72) од Скопје, сопственик на куќата.
Непознато лице прво му ја запалило живата ограда од семејната куќа и со камен искршено прозорско стакло од дневната соба. Повредени лица нема, а пожарот сам го изгаснал.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.