Какво време не очекува деновиве?

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а дневната од 21 до 32 Целзиусови степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време, до петок ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло. Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.