Како што поминуваат годините, сфаќам дека молкот понекогаш е најдобриот одговор на сите напади

Колку повеќе минуваат годините, толку помалку сакам да имам време за неважни работи.

Photo by Francisco Moreno on Unsplash

Како што одминуваат годините, се помалку дозволувам туѓите навреди да ме навредуваат, едноставно се дистанцирам од нив затоа што сфаќам колку е скапоцено да не размислуваш за одмазда или да дозволиш да те болат некои работи. 

Колку повеќе години минуваат, толку помалку им давам важност на метежот и вревата на овој свет за да ми предизвика стрес, бидејќи сфаќам дека ништо не е толку итно и дека сè може да се одложи и дека ништо не треба да се направи - освен да се умре. Како што минуваат годините, сè повеќе барам луѓе слични на мене, а сè помалку гледам во оние кои се држат високо и во чие друштво некои би сакале да бидат, а и јас некогаш, но порано. 

Колку повеќе години минуваат, толку помалку сакам да им се правдам на другите зошто правам нешто, зошто менувам некои работи, а зошто не. Сакам да имам повеќе време за себе и помалку време за луѓето кои се со мене затоа што не можат да бидат со некој друг во тој момент. Како што поминуваат годините, сфаќам дека молкот понекогаш е најдобриот одговор на сите напади, бидејќи оние кои се борат против вистината не вредат воопшто. 

Колку време имам уште - не знам, но знам дека не смеам да го губам тоа време на нешто што искуството веќе ме научи да го игнорирам и да се повлечам. Се повлекувам од сите неважни работи бидејќи сакам малку повеќе да го почувствувам доброто што ми го нуди животот.