Модерно време, брзо живеење.
Photo by Amie Johnson on Unsplash
Многу работи се менуваат, а кризата со коронавирусот уште повеќе ги измести работите. Денеска тешко можеме да се потпреме на друга личност, особено во време кога сите се под стрес, лути на другите и светот и сè подалечни еден од друг.
Пред нас е зимата, а таа значи и седење дома и не излегуваат премногу често. Но, на сите нам како социјални битија ни се потребни луѓето. Како да ги најдеме вистинските и како да најдеме љубов и топлина меѓу нив?
За почеток, најважно е да разбереме дека во најголем дел од случаите љубовта доаѓа од семејството. Тоа се нашите луѓе, оние кои секогаш ни даваат љубов и поддршка, а на кои често забораваме поради тоа што сакаме нови луѓе или сакаме повеќе. Но, времето поминато со нив е значајно, дури и кога имаме различни ставови, мислења, па од тоа се раѓаат и конфликти.
Второ, не ни се потребни многу пријатели, не мораме да имаме сто различни луѓе во нашиот живот, а ниту една вредна. Она што е најважно е да бидеме со оние кои нè ценат, сакаат и прифаќаат онакви какви што сме и во чие друштво уживаме. Љубовта е едно од најубавите чувства, но таа доаѓа во различни форми. Велат оној човек кој има вистински пријатели, има вистинско богатство во животот. Бидете со оние кои секогаш наоѓаат време за вас, на кои им значи да ве ислушаат и да ви помогнат кога не се чувствувате добро. Но, бидете и вие тука за нив, бидејќи тоа е основата на вистинското, суштинско пријателство.
На крај, важно е да знаеме дека можеме да уживаме и кога сме сами. Не секогаш ни се потребни луѓе околу нас за да бидеме среќни и исполнети. Важно е да го исполниме своето време со навики кои ни носат радост и да научиме да се сакаме себеси. Оттаму доаѓа и љубовта кон другите, а не обратно.
Топлината доаѓа и низ малите навики, ситниците кои ги сакаме и во кои уживаме и промените кои ги креираме за себе. Таа е присутна во расположението, во леснотијата со која ги извршуваме своите обврски и задоволството кое го имаме на крајот на секој ден.