Среќните деца се децата кои имаат среќни родители, а оваа поучна приказна токму тоа сака да ни го каже.
„Еден мудрец се шетал во природа, воодушевувајќи ѝ се на природата. Тогаш здогледал човек кој на грбот носел огромен товар. Било очигледно и дека едвај се движи.
Мудрецот го прашал: „Зошто се мачиш толку?“
Човекот рекол: „Се мачам за моите деца да бидат среќни. Мојот прадедо се мачеше, мојот дедо се мачеше, мојот татко се мачеше, само за јас да бидам среќен. Сега и јас се мачам за моите деца, за и тие еден ден да бидат среќни.“
„Дали некој во вашето семејство бил среќен?“
„Не, но моите внуци сигурно ќе бидат!“
„Морам да те разочарам! Прво мораш себеси да се направиш среќен, па дури тогаш твоите деца ќе можат да дознаат што е среќа. За твоето дете да биде среќно, тоа мора да учи за среќата од своите родители. А најдобро се учи преку пример. Едноставно е!“