Кафулињата се отвараат оваа недела

Владата на денешната седница се очекува да донесе одлука за отворање на кафулињата и рестораните, а одлуката треба да стапи на сила до крајот на оваа седмица. 

Согласно најавите кафулињата ќе треба да работат по здравствени протоколи пропишани од страна на Комисија за заразни болести, a неофицијално станува збор за почитување на пропишана дистанца, користење заштитна опрема и ограничено работно време.