Кафулињата да постават зимска опрема: Завршува летната скопска шема

Се известуваат сите корисници на јавни површини за вршење на дејност надвор од деловен простор дека зимската сезона за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема почнува од 01.11.2018 година до 30.03.2019 година.

Заинтересираните корисници на јавни површини за добивање на Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема, за зимската сезона 2018 - 2019 своите Барања треба да ги достават во архивата на Град Скопје најдоцна до 31.10.2018 година.

Барањето за издавање на Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема може да го најдете на веб порталот на Град Скопје www.skopje.gov.mk или во архивата на Град Скопје – барака 16.

Корисниците на јавни површини кои имаат одобрение од зимската сезона 2017-2018 година, треба да го достават стариот елаборат (оригинал), нова тековна состојба, за сопствен имот - имотен лист за деловниот простор и дворното место и катастарски план за парцелата.

По доставениот доказ за исполнетите обврски кон Градот и Општините, Град Скопје се обврзува во рок од 5 работни дена да издаде Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема, во согласност со Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на град Скопје (сл. гласник на Град Скопје бр.3/10, 3/11, 18/11, 11/14 и 16/15) и Одлуката за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема (сл. гласник на Град Скопје бр.3/10 и 16/15 ) .