“Каде за Нова година” – најпоставуваното прашање периодов

Уште само неколку дена до Новата година. Сите веќе ги прават последните подготовки. Некои прават подготовка каде и со кој ќе ја дочекаат, а некои како ќе ја дочекаат и како да ја стартуваат годината за да биде успешна понатаму.

“Каде за Нова годинa”, е најпоставуваното прашање овој период. Каде и да одите, со кој и да се сретнете на улица, сите прашуваат едно исто.

Некои даваат голем акцент на овој ден, а некои сметаат дека ден како и сите други, каде што се менува само календарот.

Некои уште пред месеци знаат каде ќе ја дочекаат Новата година. Уплаќаат рани резервации за патувања на некоја подалечна дестинација. Некои ќе одат на блиските планински места, каде сакаа да се одморат од галамата и да дишат чист воздух. Кафулињата и рестораните, речиси и да немаат повеќе слободни места.

На прашањето каде за Нова година, денеска многу луѓе одговараат дека ќе се дома. Сами, со најблиските. 

Без разлика дали ќе одите некаде, или ќе седите дома, сепак ќе потрошите повеќе пари. Ако се одлучите за дома, тоа ќе биде трпеза со јадење, а ако се одлучите за нешто повеќе 3000 денари е прашање и дали ќе ви стигнат.

Сепак, секој со свој вкус, желба и длабочината на џебот, ќе ја дочекаме Новата година на свој начин.