Денес, се ретки луѓето кои навистина ги ценат напорната работа, семејството и своите пријатели. Поголем дел од нас се нетрпеливи и несвесни за тоа како го живеат животот. Брзаат некаде, а не знаат каде.

Се однесуваат лошо кон своите блиски, бидејќи мислат дека се презафатени, не слушаат. Купуваат материјални работи, заборавајќи на искуствата.

Се чини како да го изгубивме нашиот начин. Направивме голем напредок во технологијата. Денес можеме да правиме работи кои никогаш не сме ни замислувале дека ќе можеме.

Можеме да комуницираме на 1001 начин – но, многу ретко зборуваме, а уште поретко слушаме. Можеме да стигнеме од еден дел на светот до друг за рекордно време. Порано, ни требаа денови за тоа.

Можеме да подготвиме оброк за неколку секунди, а многу ретко седнуваме да јадеме заедно.

Отидовме предалеку, но каква вредност си донесовме во нашите животи? Ако не добиеме нешто веднаш, се откажуваме. Ја губиме надежта, го насочуваме нашето внимание кон нешто друго.

Да не се откажуваме од љубовта -  најголемата сила која има моќ да ни ги смени животите. Многу повеќе од материјалните работи кои ги поседуваме и сета технологија околу нас.