ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека утре (19.01.2023) јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред поради верскиот празник Водици.

- Почитувани корисници на јавниот превоз, Ве информираме дека утре, четврток (19.01.2023 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, информираат од ЈСП.

Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни од 6 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров, додека жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.