ЈСП остана без субвенции, Скопје останува без јавен превоз

Јавното сообраќајно претпријатие не ги доби субвенциите од 11 милиони евра што ги бараше за да може да подели плати. На седницата не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ додека сите останати 22 советника гласаа позитивно за одлуката но и овие гласови не беа доволно одлуката да помине што значи дека и утре Скопје ќе биде без јавен превоз.

Причините на ВМРО-ДПМНЕ за неизгласувањето на оваа одлука беше што досега Градот неколку пати му давал субвенции на ЈСП кои достигнале до 12 милиони евра се со цел ова јавно претпријатије да може нормално да функционира, а од таму нема приложено никаков отчет на каков начин се трошат овие пари.

Целата оваа седница се одвиваше во тензија и со препукувања помеѓу Арсовска и советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

И на минатата седница на Советот, одлуката за доделување 11 милиони евра субвенции не помина, оти за неа не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ. И на таа седница исто како и на оваа се бараше отчет за потрошените пари од претходните субвенции.

Денеска во 9 часот Скопје остана по втор пат во неговата историја без јавен превоз. На штрајкот на ЈСП им се приклучија и приватните превозници кои како што кажаа немаат добиено плата за ноември месец.