ЈСП ги врати старите автобуси во употреба

Во изминатите два дена Јавното сообраќајно претпријатие ги пушти во сообраќај старите дотрајани автобуси од нивната гаража, пред се на линиите „2“ и „5“, објави „Нетпрес“.

Од ЈСП потврдија дека се ставени во употреба старите автобуси со цел максимално искористување на капацитетите на возниот парк, бидејќи дел од новите автобуси биле ангажирани за претходно договорен организиран превоз на ученици. 

Според нивните тврдења старите автобуси биле во исправна состојба и потполно безбедни, а на ваков чекор се одлучиле за да не дојде до прекин на редовните линии.

cheap nike free run 5.0