ЈСП денеска со неделен возен ред, паркингот ќе биде бесплатен

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека денеска, поради државниот празник „Свети Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурна од 6 до 13 часот ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, а жичницата ќе работи од 10 до 17 часот.

Жичарницата на Водно ќе работи од 10 до 17 часот.  

Од „Паркинзи“ ги известуваат корисниците дека денеска за време на државниот празник  „Св. Климент Охридски“, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта: Зона А0- Водно, во катните гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им го честита државниот празник „Св. Климент Охридски“.