Јорганџиската улица во Старата скопска чаршија симболично ќе биде прогласена за „Европска улица“

Денеска, во 11 часот, Јорганџиска Улица – Стара скопска чаршија, Амбасадорот на Европската Унија во Македонија г-дин Самуел Жбогар и Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу симболично ќе ја прогласат како “Европска улица“.

Настанот е организиран во чест на хуманиот гест на еден од дуќанџиите спрема г-ѓа Федерика Могерини. Исто така, улицата е целосно украсена со чадори на кои стои назнаката “ЕУ за тебе“.