Јапонската амбасада во Скопје на социјалните мрежи објави видео од јапонски ученици што испраќаат поздрав на македонски јазик, по повод 30 години пријателство на Македонија со Јапонија.
- Учениците во средното училиште Таканава во Токио го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор Томоки Аојама, се наведува во објавата од Јапонската амбасада.
Македонците во воодушевување констатираа дека Јапонија е искрен пријател на Македонија!