Ја продадов зелката, друг нека го собира ѓубрето!

Народната поговорка “Грижо моја премини на друг” во буквална смисла на зборот ја имаат сфатено повеќето нелегални продавачи на земјоделски производи. 

На повеќе локации низ градот, како и пред Кванташки пазар, можат да се видат грди слики, какви што ги фотографирале надлежните од Инспекторатот на Град Скопје од каде велат дека продавачите кои биле затекнати на лице место со купишта отпад, се соодветно казнети.

Граѓаните со различни коментари – некои не одобруваат казнување бидејќи велат дека тие луѓе работат за парче леб, други бараат строги казни, а трети сметаат дека отпадоците можат да се употребат за компост или за хранење на животни во ЗОО.