Изложба на везени кошули, марами и покуќнина во Музеј на град Скопје

Во Музејот на град Скопје, вечерва (2 ноември), со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата насловена „Везилка-девојка спремна за мажење“.

Преку богатата збирка на везени кошули, марами и покуќнина пред јавноста ќе биде претставена улогата на везот како најважен естетски сегмент на народното творештво и една од основните способности на девојката која била подготвена за мажење.

Најстарите музејските предмети потекнуваат од крајот на 18 век до 60-тите години на 20 век. Автори на изложбата се Славица Христова кустос советник етнолог, Татјана Ѓорѓиовска, кустос советник етнолог и Оливера Џартова Тачевска кустос етнолог.