Изложба на фотографии на оперската примадона Ана Липша Тофовиќ, „Божествена симбиоза“

Оваа година дел од Мајските оперски вечери ќе биде и изложбата на фотографии на оперската примадона Ана Липша Тофовиќ „Божествена симбиоза“.

Проектот се реализира на иницијатива и со финансиска поддршка од Матицата на иселениците од Загреб, Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб и Заедницата на Хрвати во Република Македонија кој се однесува на афирмација на истакнатата музичка уметница Ана Липша Тофовиќ од Република Хрватска.

Проектот има за цел да ги презентира на јавноста животните стории и фрагментите од дејствувањето на Ана Липша Тофовиќ во овие простори преку изложба на нејзините предмети, фотографии, костими, плакати и се што е зачувано.

Изложбата ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет од 15 – 31 мај.

Отворање на изложбата (среда) 15 мај 2019 година, 19.00 часот.

Nike Resurrect the Air Vortex From 1985