Изложба и проекција на филмот „Париз може да почека“ вечерва на „Скопско лето“

Вечерва, 20.07.2018, петок, ќе се отвори изложбата „Играчки и роботи во книгите на уметниците пергамент концертина“ – Србија во 20:30 часот во НЛБ Галерија. Изложбата е во соработка со Друштво на ликовни уметници на Македонија.

Исто така вечерва, 20.07.2018, петок, ќе се одржи проекција на филмот „Париз може да почека“, со почеток во 21:00часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

ПАРИЗ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА

PARIS CAN WAIT (2016), САД/Јапонија

романтична комедија / траење: 92 минути

сценарио и режија: Еленор Копола

улоги: Дајан Лејн, Арно Вијар,  Алек Болдвин, ..