Истекува рокот за пријавување коњаници за традиционалниот Илинденски марш - досега се пријавени 20 коњаници, меѓу кои и две девојки

Истекува рокот за пријавување коњаници за учество на традиционалниот Илинденски марш, кој оваа година се одржува јубилејно по 40-ти пат. Подготовките за маршот ќе почнат наредниот викенд покрај кејот на реката Вардар, а досега се пријавени 20 коњаници, меѓу кои и две девојки.

На маршот, кој на 27-ми јули ќе стартува од Општина Аеродром, ќе се приклучат и коњаници од: Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид, а традиционално ќе заврши на 2-ри август во Крушево. Организатор на традиционалната манифестација е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а Општина Аеродром и оваа година финансиски го поддржува настанот.