Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска исекоа две стари и суви тополи на булевар „Србија“.
Двете тополи претставуваа закана по сигурноста и безбедноста на граѓаните и нивниот имот, информира прес-службата на општина Аеродром.
Посочуваат дека секое исечено дрво ќе биде соодветно надоместено. Општина Аеродром и Град Скопје имаат издвоено значителни средства за нови дрвја и зелени површини, како и за тековно одржување и обнова на зеленилото во Аеродром.