Исчезнат малолетник од Скопје пронајден во Струмица

Полициски службеници завчера во Струмица го пронашле исчезнатиот малолетник од Скопје.

-На 28.05.2023 во 16.00 часот на ул.„Балканска“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го пронашле Р.И.(17) за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од СОС Детско село од Скопје, соопшти МВР.

Лице било предадено на Центар за социјални работи Скопје.