Ина Многуфина: Мерката „туширајте се со тенок млаз вода" најверојатно го има смислено некој што нема долга коса

Ина Многуфина со шеговит фејсбук статус за новите препораки на Владата за штедење: 

-Омилени мерки за штедење ми се "туширајте се со тенок млаз вода" што најверојатно го има смислено некој што нема долга коса и не користи регенератор и најјакото "користете садови соодветни на големината на ринглата" пошо ние на таа малата рингла до сеа казани стававме.