Има ли град во земјава каде не се користи кокаин?

Дрогата стана главен елемент на сите младелашки забави, а институциите уште немаат конкретни мерки како младите да се едуцираат за последиците од неколкучасовното пријатно чуство. Како потврдување на ова може да служат извештаите на МВР кои сведочат дека секој ден има по неколку случаи на приведени лица кои се затекнати додека користат или продаваат кокаин.

Ова не е различно ниту денеска. Во текот на минатата ноќ, МВР, привела четири лица на возраст од 26-39 години само во Скопје и Велес. 

Од МВР наведуваат во извештајот дека од кај сите лица била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и дека по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Овој проблем ќе постои се додека родителите, училиштата и надлежните институции не пронајдат соодветен метод и начи како да се спречат младите да започнат со користење на дрога, а со тоа ќе се спречи и понатамошниот раст во бројот на зависници.