Се подготвува ли уште една Рада да влезе во Влада?! Во јавноста се шушка дека познатата Баба Рада се подготвува да влезе во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде за потребните на министерот ќе биде советник во областа која таа најдобро ја владее – лековитите треви, билки и нивното влијание на здравиот живот на граѓаните.

Во тој контекст Генералниот секретаријат на Владата објави оглас во кој меѓудругото се бараат и соработници за земјоделство за плата од 22.500 до 23.257 денари.

Весникот Вечер побара официјален одговор од кабинетот на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски дали е точно дека Баба Рада, познатата треварка, влегува со свои консултантски услуги во Влада. Оттаму ја отфрлаат оваа информација и велат дека Баба Рада не е во тимот на советниците.

Можеби звучи неверојатно на прв поглед, но оваа кадровска промена во кабинетот на Заев не е неизводлива. Особено ако се земат предвид последните именувања на неколку високи државни службеници, кои се уште ја брануваат јавноста.