И покрај забраната за движење во шуми, три лица биле затекнати на Водно

Поради пожарите кои беснеат во повеќе шумски делови во Македонија, беше изречена забрана за движење низ шумските предели на земјата, вклучувајќи ја и парк-шумата Водно. 

Меѓутоа, секогаш ќе се најде некој кој ова нема да го почитува. 

На 05.08.2021 во 20.10 часот на репетитор Водно од страна на полициска патрола се затекнати три лица кои се движеле во шумскиот појас и тие биле задржани во полициска станица, по што против нив е поднесен соодветен поднесок.