ХЕРОЈ НА НЕДЕЛАТА: Скопјанецот Јове три дена копал за да извади маче заглавено во септичка јама (фото)

Јове Стојановски од Бутел три дена копал во својот двор за да спаси маче кое паднало во септичка јама.

Откако го слишнал беспомошното маче Јове почнал да копа и да го крши бетонот. Претходно,Стојановски се јавил во пожарна, каде му рекле дека имаат многу работа и не можат да дојдат за да го спасуваат мачето.

Првиот ден успеал да ископа доволно за да му стави храна, вториот ден успеал и вода да му симне и третиот ден конечно мисијата  успешно ја завршил мачето било спасено.

Мачето си доби име Сречко и е згрижено во нивниот дом.